Колку се отворени државните институции - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Колку се отворени државните институции PDF Печати Е-пошта
Среда, 29 Февруари 2012 10:59

МЦМС на 23 февруари 2012 година организираше обука на тема „Методологија за проценка на отвореноста на државните институции“. Обуката беше наменета за претставници на граѓанските организации кои се активни во процесите на креирање политики и закони на национално ниво и кои имаат претходно искуство во јавно учество во процесот на подготовка на закони. Обуката ја водеше Тина Дивјак од Словенечкиот центар на невладини организации (ЦНВОС) од Љубљана.

IMG 2641

На обуката учесниците се запознаа со методологијата за мерење на отвореноста на институциите во однос на вклучување на јавноста во процесите на подготовка на закони, со што беа опфатени индикаторите кои што ќе бидат мерени во рамките на проектот. Учесниците дадоа и свој придонес во прилагодувањето на одредени индикатори кои што биле користени во анализата во Словенија со цел тие да бидат прилагодени на контекстот во Република Македонија.

За Миша  Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје (ИДСЦС) обуката беше многу корисна бидејќи знаењата ќе може да ги примени и во тековниот проект на ИДСЦС кој се однесува на вклучување во процесите на креирање политики на локално ниво.

IMG 2656

Обуката е дел од проектот „Огледало на Владата: учество на јавноста во процесите на подготовка на закони” кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР). Преку прилагодување на методологијата развиена од Словенечкиот центар на невладини организации (ЦНВОС) од Љубљана за проценка на отвореноста на владините институции, која успешно се спроведува во последните неколку години во Словенија, целта е да се зголеми соработка на граѓанските организации со органите на државната управа во процесите на креирање политики и подготовка на закони. Проектот се спроведува во партнерство со Словенечкиот центар на невладини организации (ЦНВОС) од Љубљана и Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Колку се отворени државните институции