Граѓаните за уредување на централното градско подрачје во Македонски Брод - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните за уредување на централното градско подрачје во Македонски Брод PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 26 декември 2011 13:33

На 2 декември оваа година се одржа последната, петта форумска сесија во Македонски Брод. На буџетскиот форум кој започна во септември учествуваа повеќе од 500 граѓани кои дискутираа за проблемите и за креирањето на буџетот на општината за 2012 година. Дискусиите се однесуваа на програмите за локален развој, за социјална заштита, за заштита на животна средина и природата, за развој на културата и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални улици и патишта.

graganite-za-ureduvanje-na-centralnoto-gradsko-podracje-mak-brod-1

По презентацијата на програмите граѓаните најмногу гласови и дадоа на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици, каде како најприоритетен проект беше избран „Уредување на кејот и изградба на патека за пешачење, трчање и други спортски активности покрај речното корито во централното градско подрачје“. Проектот е во вкупен износ од 6.500.000 ден. Со оглед на тоа што избраниот проект го надминува проектниот фонд од 4.800.000 ден., градоначалникот пред присутните граѓани, се обврза дека општината ќе обезбеди дополнителни 1.700.000 ден. потребни за затварање на финансиската конструкција.

„Вие поминавте два циклуса од форумскиот процес, проектен и буџетски. Верувам дека придобивките од ова ќе ги почувствуваат сите граѓани од општината. Вие заедно, успеавте да подготвите еден граѓански буџет. Честитки за сите“, кажа во поздравниот збор Миодраг Колиќ, од Единицата за координација на форумите.

graganite-za-ureduvanje-na-centralnoto-gradsko-podracje-mak-brod-2

Димче Митрески, извршен директор на МЦМС, рече дека граѓаните сега знаат како изгледа подготовката на еден општински буџет, кои активности се преземаат и што ќе се финансира. Им честиташе на изборот и им кажа дека ги чека уште многу работа до финализирање на проектот.
Градоначалникот на општина Македонски Брод, Милосим Војнески, ѝм го честиташе на присутните изборот на проектот кој за нив е најприоритетен, посочувајќи дека општинската администрацијата веднаш ќе почне со процесот на негова имплементација. Се заблагодари за активното учество на граѓаните низ целиот форумски процес истакнувајќи дека благодарение на овој процес, со реализација на проектите од форумите, ќе се промени изгледот на централното градско подрачје и кејот на реката Треска.

Вкупниот буџет на форумот во Македонски Брод изнесува 4.800.000 МКД, каде по 50% обезбедија СДЦ и општината.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Граѓаните за уредување на централното градско подрачје во Македонски Брод