„Ќе знаеме на што треба да се фокусира општината“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Ќе знаеме на што треба да се фокусира општината“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 30 ноември 2011 00:00

На 24 ноември 2011 година се одржа четвртата форумска сесија во Крива Паланка. Граѓаните дискутираа за предлог проектите со кои ќе се решат дел од проблемите на нивното секојдневно живеење.

IMG 9295

На дел од форумската сесија присуствуваше и градоначалникот Арсенчо Алексовски. Тој истакна дека Форумот за нив е од особено значење затоа што е вистинска можност да го слушнат гласот на граѓаните и нивните приоритети. „Сите пет предлог проекти, како и останатите предлози и препораки, кои дојдоа од граѓаните на форумот, ќе бидат земени в предвид од страна на локалната самоуправа. Најважно е што ќе знаеме на кои приоритетни проблеми треба да се фокусира нашата општина. Проектите кои нема да можат да се реализираат од проектниот фонд во овој форумски циклус, ќе се залагаме да ги финансираме од други извори на средства и фондови", додаде тој.

Интересот за форумските сесии во Крива Паланка е константен. И на оваа средба дојдоа повеќе од 100 граѓани кои ги споделија своите забелешки и сугестии во оваа последна фаза пред гласање за проектите.

IMG 9315

„Како граѓанин на Крива Паланка вклучена сум во форумскиот процес од почеток, редовно учествувам на сесиите и дел сум од работната група, која го подготвува проектот за реконструкција на пешачкиот мост во населбата „Бегови Бавчи“. Работам со огромен ентузијазам и задоволство ми е што можам да придонесам во решавањето на дел од најгорливите проблеми со кои се соочува општината. Затоа, се трудам, што е можно поексплицитно и посликовито, на сите учесници да им го предочам огромниот ризик и опасностите од секојдневното користење на импровизираниот и дотраен мост на Крива Река, да ја побарам и да ја добијам нивната поддршка за решавање на овој проблем“, рече Оливера Станковска.

Граѓаните уште еднаш се потсетија на правилата за гласање кои ќе се применат на следната петта сесија закажана за 20 декември 2011 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести „Ќе знаеме на што треба да се фокусира општината“