Наскоро три стратегии за соработка на општините со граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Наскоро три стратегии за соработка на општините со граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Среда, 28 септември 2011 16:31

Во септември се одржаа првите состаноци на работните група за подготовка на стратегии за соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации во трите пилот општини, Дебар, Јегуновце и Битола. Работните групи се дел од процесот на креирање институционален механизам за соработка на ЕЛС со граѓанскиот сектор и развивање на стратегија за соработка и вклученост во креирањето и донесувањето на локалните политики.

psrgj

Работните групи се составени од двајца претставници на општината, советник и лице задолжено за соработка со граѓанските организации и двајца претставници на локалните граѓански организации. Со учество на сите засегнати страни уште во процесот на подготовка на стратегијата ќе се обезбеди чувство на сопственост на стратегијата и ќе се придонесе кон одржливост во процесот на спроведувањето.

psrgd

Работните групи ќе одржат вкупно четири еднодневни работилници и по два форуми во секоја од трите општини на кои поголем број граѓански организации ќе имаат можност да дадат придонес во подготовката на стратегијата.

Се очекува работните групи, со помош на експертите да подготват предлог стратегии за соработка со граѓанските организации во трите пилот општини. Стратегиите ќе бидат промовирани во рамките на ЗЕЛС ЕКСПО во ноември 2011 г., со што резултатите и искуства од пилот општините ќе се споделат со другите општини.

psrgb

Подготовката на стратегиите е дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво" финансиран од Европската Унија од ЕИДХР.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Наскоро три стратегии за соработка на општините со граѓанските организации