Наскоро три стратегии за соработка на општините со граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Наскоро три стратегии за соработка на општините со граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 28 shtator 2011 16:31

Во септември се одржаа првите состаноци на работните група за подготовка на стратегии за соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации во трите пилот општини, Дебар, Јегуновце и Битола. Работните групи се дел од процесот на креирање институционален механизам за соработка на ЕЛС со граѓанскиот сектор и развивање на стратегија за соработка и вклученост во креирањето и донесувањето на локалните политики.

psrgj

Работните групи се составени од двајца претставници на општината, советник и лице задолжено за соработка со граѓанските организации и двајца претставници на локалните граѓански организации. Со учество на сите засегнати страни уште во процесот на подготовка на стратегијата ќе се обезбеди чувство на сопственост на стратегијата и ќе се придонесе кон одржливост во процесот на спроведувањето.

psrgd

Работните групи ќе одржат вкупно четири еднодневни работилници и по два форуми во секоја од трите општини на кои поголем број граѓански организации ќе имаат можност да дадат придонес во подготовката на стратегијата.

Се очекува работните групи, со помош на експертите да подготват предлог стратегии за соработка со граѓанските организации во трите пилот општини. Стратегиите ќе бидат промовирани во рамките на ЗЕЛС ЕКСПО во ноември 2011 г., со што резултатите и искуства од пилот општините ќе се споделат со другите општини.

psrgb

Подготовката на стратегиите е дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво" финансиран од Европската Унија од ЕИДХР.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Наскоро три стратегии за соработка на општините со граѓанските организации