МЦМС со нов Одбор на директори - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС со нов Одбор на директори PDF Печати Е-пошта
Петок, 22 јули 2011 10:41

Управниот одбор вчера, 21 јули 2011 г. го избра новиот Одбор на директори на МЦМС и тоа Александар Кржаловски е избран за прв извршен директор, а Димче Митрески за извршен директор на МЦМС, со мандат до 2016 година.

МЦМС со нов Одбор на директори

Александар Кржаловски е вработен во МЦМС од 1995 г., а од 1999 г. ги раководи програмите за насочени кон односите со заедниците и за Балканот и беше одговорен за организациските работи во МЦМС. Од 2008 г. ја вршеше функцијата извршен директор на МЦМС. Има големо искуство во координација и раководење со различни проекти и програми меѓу кои и големите хуманитарни операции од периодот 1999-2001 г. и активности кои вклучуваа чувствителни целни групи. Член е и на Националниот совет за европски интеграции при Собранието на Република Македонија. Автор е на повеќе публикации.

Димче Митрески е во МЦМС од самото негово основање, како раководител на проекти и програми, а од 2004 г. е раководител на Одделението за развој. Исто така е одговорен е за стотици изградени водоводи, но и за реновирањето на неколку училишта низ руралните општини во Македонија, како и за градење на капацитетите на десетици општини.  На овој начин тој изгради силни врски со општините и со националните организации на општините . Во досегашниот период има испорачано многу обуки и консултации за различни целни групи, пред сè од областа на раководењето со проектен циклус и стратешкото планирање.

Сашо Клековски, досегашниот (прв) извршен директор од 1994 г.  до сега, се повлече од Одборот на директори, а  ќе продолжи да го советува МЦМС за стратегискиот развој.

Одборот на директори е извршен орган на МЦМС, одговорен за секојдневното управување со работниот процес на МЦМС. Изборот беше направен по јавниот оглас за извршни директори, и јавното сослушување на повеќе кандидати, согласно Правилникот за избор на Одбор на директори.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести МЦМС со нов Одбор на директори