Како соработуваат општините и граѓанските организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како соработуваат општините и граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Среда, 08 јуни 2011 13:52

МЦМС почна со подготовка на Прегледот на законските основи и практиката на вклучување во одлучувањето, како и на соработката на локално ниво во Република Македонија. Прегледот ќе ги содржи постојните законски можности, а ќе биде направена и анализа и на досегашната пракса на соработката на граѓанските организации и општините. Ова треба да биде основата за воспоставување модел на соработка на локално ниво, меѓу граѓанските организации и општините.

Повеќе информации за практиките на вклучувањето во одлучувањето ќе бидат добиени благодарение на прашалниците што ќе ги одговорат општините и граѓанските организации.

Прашалникот е поделен во четири целини: Механизми/институции за соработка; Стратешки документи; Практики; и Финансирање на граѓанските организации од страна на општините. Преку нив ќе се согледа дали постои и каква е институционалната основа за соработка помеѓу општините и граѓанските организации, дали таа е проследена со соодветни стратешки документи, дали соодветна финансиска поддршка е рефлектирана преку буџетот на општината и каква е соработката.

Прашалникот e испратен до 25 општини водејќи сметка за регионална, етничка и рурална/урбана застапеност. Прашалникот за граѓанските организации е достапен до сите заинтересирани граѓански организации преку он-лине анкета на следната адреса
http://www.mcms.org.mk/gdln/88-anketa-go

Прегледот ќе биде и основа за дискусија на регионална конференција што ќе се одржи во текот на јули 2011 година.

Активностите се дел од проектот Граѓански дијалог на локално ниво, поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје.


 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Како соработуваат општините и граѓанските организации