Повик за доделување партнерски грантови во Цивика Мобилитас [ЦМ-ПГ-2] - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доделување партнерски грантови во Цивика Мобилитас [ЦМ-ПГ-2] PDF Печати Е-пошта
Среда, 17 септември 2025 09:59

Цивика мобилитас објавува повик за доделување партнерски грантови [ЦМ-ПГ-2]

CM PG2

Пријави можат да поднесат:

  1. Граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации
  2. Други невладини, непрофитни, граѓански здруженија регистрирани согласно Законот за научно-истражувачка дејност.

Во овој повик за грантови за граѓански ангажман, пријавите МОРА да имаат еден носител и најмалку ЕДЕН партнер. Апликантите на овој повик ќе се сметаат за подобни, доколку испратат само една пријава во било која улога(било како носител или како партнер).

Тековните добитници (носители и партнери) на партнерски грант (ЦМ-ПГ) и на грант за граѓански ангажман (ЦМ-ГГА) немаат право да се пријавуваат на овој повик за грантови.

Аплицирање

Носителот и партнерот мора да се регистрирани на платформата: www.grants.mk  (Преземи Водич за креирање профил). По регистрацијата, само апликантот НОСИТЕЛ треба да се пријави на овој повик за предлози и да ги прикачи пополнетите документи: пријава и прилози. Апликантот НОСИТЕЛ мора да го додаде партнерот/ партнерите (со нивниот/те единствени матични броеви и нивната е-пошта) кои ќе треба да го потврдат партнерството преку конфирмација која ќе биде побарана на нивната е-пошта (внесена при регистрација на платформата). Оваа потврда ќе се смета за доказ за Изјава за партнерство.

Процесот за аплицирање е он-лајн. Овој повик за предлози се состои од Водич за апликанти и Образец ПРИЈАВА со прилози (преземи Водич за апликанти); (преземи Пријава и прилози). Комисијата за избор на грантови (КИГ) ќе ги оцени и избере потенцијалните грантисти врз основа на нивните пријави.

Во овој повик за предлози приоритетот е ставен на апликантите кои сакаат да ги здружат своите капацитети и преку заеднички напори, да постигнат позитивни промени водејќи се од меѓусебно дефинирани приоритети и фокусирајќи се на предвидените теми/ области. Предложените активности треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик:

  • Овозможувачка околина за развој на граѓанско општество
  • Социјална кохезија
  • Родова еднаквост
  • Унапредување на дигитална трансформација
  • Борба против корупција и истражувачко новинарство
  • Зелени иницијативи

Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу 10 и 12 месеци. Големината на побараниот грант треба да изнесува најмногу 3.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на носител или на партнер.

Краен рок за поднесување на пријавите е 15 октомври 2025 г. до 13:00 часот.

Апликантите ќе бидат известени преку е-пошта за приемот на нивната комплетирана пријава. Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите пратени по редовна пошта или лично доставените пријави.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 6 октомври 2025 г. Предметот на пораката треба да ја содржи референтната ознака за овој повик: ЦМ-ПГ-2. Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози 15 септември 2025 г.
Информативни сесии 23/25/.09 и 03.10 2025 г. 
Краен рок за поднесување на пријави 15 октомври 2025 г., 13:00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантови ноември 2025 г.
Известување на избраните апликанти и одбиени апликанти ноември-декември 2025 г.
Потпишување договори  

ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ

Цивика мобилитас ќе одржи три информативни сесии за овој повик за предлози. Пријавете го своето учество на https://civicamobilitas.mk/cm-pg-2/

Прелиминарниот распоред за овие информативни сесии е:

Град Локација Датум Време
Струмица Europe Houses Струмица (локација) 23.09.2025 12:00
Тетово Europe Houses Тетово (локација) 25.09.2025 12:00
Скопје Граѓански ресурсен центар (локација) 03.10.2025 12:00
 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за доделување партнерски грантови во Цивика Мобилитас [ЦМ-ПГ-2]