Повик за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025 PDF Print E-mail
Friday, 21 February 2025 16:35

Општата цел на овој повик е да придонесе за зајакнување на демократијата во Република Северна Македонија преку подобрен изборен процес со фокус на зголемена транспарентност, кредибилитет и инклузивност.

Конкретна цел на овој повик е да ги зајакне граѓанските организации во нивното активно учество и ангажираност за инклузивни, транспарентни и отчетни локални избори со фокус на учеството на жените, младите и маргинализираните групи.

Во најава на претстојните Локални избори во 2025 година во земјата, овој повик има за цел да ги поддржи иницијативите кои ги зајакнуваат демократските практики и промовираат фер и инклузивни изборни процеси со вклученост на граѓанското општество во набљудувањето на изборите.

МЦМС ОГЛАС 

Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 110.000 евра.

Со овој повик ќе се доделат единаесет грантови.

  • минимален износ: 9.000 евра;
  • максимален износ: 10.000 евра.

Организациите кои ќе поднесат апликација на овој повик не се обврзани да обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните подобни трошоци.

Времетраењето на акцијата не може да биде пократко од 9 месеци ниту подолго од 12 месеци.

Рокот за поднесување на апликација е 10 април 2025 година, најдоцна до 17:00 часот (македонско време).

Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-пошта:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  како единствена е-порака со наслов „Повик за апликации – акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025“.

Целосните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање.

Потребни документи

Пополнет формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука) и следниве прилози:

  • Прилог 1: Буџет со оправдување на буџетот (1а. Буџет и 1б. Оправданост на буџет)
  • Прилог 2. Доказ за правен статус на апликантот и ко-апликантот (доколку има). Доказ за правен статус е потврда за тековната состојба издадена од Централниот регистар, не постара од шест месеци, сметајќи наназад од датумот на поднесување на апликацијата. Се прифаќаат и скенирани верзии.
  • Прилог 3. Скенирана Изјава од апликантот (уредно пополнета и потпишана од неговиот законски застапник – Точка 7 од Формуларот за аплицирање: Изјава на организацијата- Апликант).
  • Прилог 4. Скенирана Изјава/и од ко-апликантот/те (ако има) (уредно пополнета/и и потпишана/и од нивниот законски застапник(ци) – Точка 8 од Формуларот за аплицирање: Изјава на организацијата- Ко-апликант)
  • Прилог 5. Годишни наративни извештаи и финансиски извештаи за апликантот и ко-апликантот(ите) (ако ги има) за последните две години (2023 и 2024 година).

Секое прашање поврзано со повикот може да се достави на следнава е-пошта:  This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it  со назнака: Прашање за повик со референтен број 08-20/1-2025, најдоцна до 20 март 2025 г. до 17:00 часот (македонско време).

Прашања и одговори

[НАСКОРО] Одговори на поставени прашања во врска со повикот за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025

Информативни сесии

За овој повик на предлози е предвидена една онлајн информативна сесија на 04 март 2025 г. во 11:00 часот.

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за информативната сесија најдоцна до 3 март 2025 година на https://rcgo.mk/vesti/povik-za-akciski-grantovi-za-poddrshka-na-lokalnite-izbori-2025/ .


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Повик за Акциски грантови за поддршка на локалните избори 2025