МЦМС објавува јавен оглас за вработување на два работника - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС објавува јавен оглас за вработување на два работника PDF Печати Е-пошта
Среда, 31 јули 2024 11:06

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на два (2) работника на работните места: 1) соработник на проекти и 2) помлад соработник на проекти.

mcms vrabotuva

Работни задачи за соработник на проекти

  • Раководење со проектен циклус (вклучително грантови) кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
  • Искуство со менаџирање на грантови која вклучува комуникација, проверка на наративни и финансиски извештаи на грантисти се смета за предност;
  • Планирање, обмислување и реализација на проектни активности;
  • Познавање на квалитативни и квантитативни методи за истражување и практично искуство во пишување извештаи од анализа;
  • Поддршка во планирањето и спроведувањето на настаните;
  • Подготовка на содржини за веб страните и социјалните медиуми на МЦМС;
  • Комуникација со целната група на проектите, донатори, добавувачи и др.

Работни задачи за помлад соработник на проекти

  • Техничка и логистичка поддршка на проектните активности;
  • Поддршка на координаторот и другите соработници на проекти;
  • Поддршка при организација на настани;
  • Водење записници од состаноци и средби;
  • Комуникација со целната група на проектите, добавувачи и др.;
  • Администрирање и канцелариска работа.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Основни познавања за работата на МЦМС и граѓанските организации;
  • Комплетирано високо образование;
  • Најмалку пет години работно искуство на проекти за граѓанско општество за првата позиција и без работно искуство за втората позиција (и неформалното работно искуство ќе се смета за предност);
  • Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори: ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;
  • Познавање на административно и канцелариско работење;
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на MS Office: Word, Excel, PowerPoint, предност е познавање на програми за дизајнирање;
  • Возачка дозвола: Б категорија.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • планирање, анализа и организација на работа
  • за комуникација (усна и писмена) и презентација;
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за работа надвор од канцеларија;
  • за уредност и организираност.

Кандидатите треба да ги достават следните документи на македонски јазик:

Конкурсот е отворен до 20 август 2024 г., до кога треба да се достави пријавата за работа на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Работниот однос е на определено време од шест месеци, со можност за продолжување. Работно време е 40 часа во работна недела, поделено во пет работни дена. Работните часови за полно работно време се 8 часа и тоа со почеток од 7 до 9 часот наутро и завршување од 15 до 17 часот, соодветно, секој работен ден.

Работодавач е: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бр. 41а, Скопје. Лице за контакт е Флориан Мехмети.

Начин и рок на избор

Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување. Рокот за избор може да се промени врз основа на пријавениот број на кандидати. Кандидатите кои ќе ги исполнат горенаведените критериуми ќе се избираат со претходна проверка на знаењата (тестирање). Одреден број кандидати ќе бидат поканети на интервју.

МЦМС го задржува правото да не избере кандидат за некоја од позициите.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи МЦМС објавува јавен оглас за вработување на два работника