Јавен конкурс за директор - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен конкурс за директор PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 21 јуни 2021 18:39

Директорот е орган на секојдневно управување со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на еден директор. На него можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство.  

Кандидатите треба да имаат:

  • Завршено високо образование;
  • Повеќе од 10 годишно искуство во граѓанскиот сектор и/или работа на раководни позиции во организации/тимови со над 20 лица;
  • Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество и одржлив развој;
  • Способност за водство, ориентација, управување и мотивирање на другите;
  • Знаења за генерален менаџмент - раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
  • Способност за комуникација и презентација;
  • Висок интегритет, одговорност и отчетност; 
  • Почит за другите,  партиципативност и поддршка на мултикултурноста.

Конкурсот е отворен до 30 јуни 2021 година. Мандатот на директорот е пет години и трае од јули 2021 до јули 2026 година.

Пријавувањето на конкурсот се врши со: 

Кандидатите кои ќе влезат во најтесниот избор, ќе треба да достават потврди за државјанство, за неосудуваност и за работна способност. 

Изборот го врши Управниот одбор на МЦМС кој има право да избере некој од кандидатите или да не избере никого (при што, постапката ќе се повтори во рок од една година).

Преземи ги Описот на работното место, целосниот преглед на компетентноста, процедурата за избор

Дополнителни информации можат да се побараат исклучиво на е-пошта Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . На истата адреса треба да се достават и пријавите.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Јавен конкурс за директор