Јавен конкурс за директор - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен конкурс за директор PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 21 qershor 2021 18:39

Директорот е орган на секојдневно управување со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на еден директор. На него можат да се пријават само кандидати со македонско државјанство.  

Кандидатите треба да имаат:

  • Завршено високо образование;
  • Повеќе од 10 годишно искуство во граѓанскиот сектор и/или работа на раководни позиции во организации/тимови со над 20 лица;
  • Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество и одржлив развој;
  • Способност за водство, ориентација, управување и мотивирање на другите;
  • Знаења за генерален менаџмент - раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
  • Способност за комуникација и презентација;
  • Висок интегритет, одговорност и отчетност; 
  • Почит за другите,  партиципативност и поддршка на мултикултурноста.

Конкурсот е отворен до 30 јуни 2021 година. Мандатот на директорот е пет години и трае од јули 2021 до јули 2026 година.

Пријавувањето на конкурсот се врши со: 

Кандидатите кои ќе влезат во најтесниот избор, ќе треба да достават потврди за државјанство, за неосудуваност и за работна способност. 

Изборот го врши Управниот одбор на МЦМС кој има право да избере некој од кандидатите или да не избере никого (при што, постапката ќе се повтори во рок од една година).

Преземи ги Описот на работното место, целосниот преглед на компетентноста, процедурата за избор

Дополнителни информации можат да се побараат исклучиво на е-пошта Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë . На истата адреса треба да се достават и пријавите.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Shpallje Јавен конкурс за директор