Цивика мобилитас: Повик за акциски грантови ЦМ-АКТ-06 |
Петок, 05 Февруари 2021 10:12 |
Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-06]. Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери. Медиумите може да се пријават како партнери на овој повик. Предложените акции треба да придонесат кон целите и резултатите на Цивика мобилитас. Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 18 месеци. Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 2.500.000 и 3.000.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 18.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – или во улога на апликант или на партнер. Пријавите за повикот се поднесуваат само по електронски пат (е-пошта). Краен рок за поднесување на пријавите е 3 март 2021 г. до 14 часот, датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Цивика мобилитас ќе одржи најмалку една онлајн информативна сесија за овој повик. Информативната сесија ќе се одржи на 16 февруари 2021 г. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас, како и страницата на Фејсбук и информирајте се за евентуалните промени. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 22 февруари 2021 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-АКТ-06). Погледни го повикот: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-akt-06/ |