Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски пат - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски пат PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 март 2020 14:08

Повикот за грантови за транспарентност е во тек. Но, заради новонастанатите околности поврзани со пандемијата на вирусот Ковид-19 и прогласување на вонредна состојба во државата, апликациитеможе да се доставуваат само по електронски пат. Рокот за доставување на апликациите е продолжен до 31 март 2020г, до 16:00 часот.

ovozmozhen elektronski nachin na aplitsirane za grantovite za transparentnost 1

Апликациите треба да бидат испратени преку електронска пошта на адресата: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со назнака: „Јавен повик за грантови 11-26/1-2020“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на апликација со повратен одговор на нивната електронска порака.

Апликациите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:

  • Пополнет формулар во Word документ;
  • Скенирана верзија од Изјавата на апликантот која во себе ќе содржи име на правниот застапник; позиција на правниот застапник;  потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;
  • Пополнет буџет во Excel документ;
  • Копија од тековна состојба не постара од 6 месеци.

Целокупните информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Упатството за аплицирање и последните Измените и дополнувањата на Упатството за аплицирање.

Канцеларијата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е затворена за работа со странки.  

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Грантови за транспарентност: поднесете апликација до 31 март само по електронски пат