Оглас за сместување на студенти од САД, Канада и Австралија со македонско потекло од 23 јуни - 14 јули 2017 |
Вторник, 09 мај 2017 13:48 |
МЦМС ги поканува семејствата од Скопје, кои имаат можност и сакаат, да се пријават и изразат интерес за обезбедување сместување и храна за студентите од САД, Канада, Австралија и Велика Британија кои како дел од програмата „Родум од Македонија“ ќе престојуваат во Македонија во периодот од 23 јуни до 14 јули 2017 година. За време на престојот младите ќе извршуваат практична работа во организации/институции /компании во Скопје, со цел да стекнат различни вештини согласно нивните академски цели. Сместувањето во семејства ќе им овозможи да бидат во допир со нашата култура, да се запознаат со нашето секојдневие и најважно, да создадат трајни пријателства. „Родум од Македонија“ се организира по трет пат. По успешните две години, кога можноста ја искористија четворица студенти во првата година и шест во втората, оваа година интересот е уште поголем и веќе се пријавени десет студенти. Со обезбедувањето на три-неделен дом за некој од заинтересираните студенти, вие ќе му овозможите да се приближи до неговите корени и неговото разбирање на културата и традицијата на Македонија. Вашиот интерес да бидете домаќини на еден од студентите, можете да го искажете на следниот маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 31 мај 2017 година. Потребните услови кои секое семејство треба да ги исполнува се наведени во Документот за согласност. За сместување на студентите е предвиден паричен надомест од 100 американски долари. „Родум од Македонија“ е дел од глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, што го спроведува Обединета македонска дијаспора (ОМД). По изборот на младите учесници од САД, Канада, Австралија и Велика Британија во оваа програма, ќе ги известиме сите заинтересирани семејства кои се пријавиле со надеж за успешно поврзување. За сите дополнителни информации може да не контактирате на тел. 02 3088-981; 072 226-144 или е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |