Обука за граѓанско новинарство |
Вторник, 11 април 2017 13:10 | |||||||||||||||
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани да се пријават на обуките за граѓанско новинарство кои ќе се одвиваат по следниот редослед:
Во текот на обуката учесниците ќе се стекнат со знаења и практични вештини од областа на граѓанското новинарство. Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел за пишување на новинарски стории, фото и видео новинарство и етиката во граѓанското новинарство. Социјалните медиуми како канали на комуникација ќе бидат дел од програмата, како и блогирањето како можност за правење општествена промена. Ги поттикнуваме да се пријават сите оние кои сакаат да ги прошират своите знаења во областа на граѓанското новинарство и кои се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на другите. Заинтересираните треба да се пријават за обуките во регионите од каде што доаѓаат. Рокот за пријавување е:
Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата на следниот линк: https://goo.gl/forms/dVvRvDlEP89mkCAh2 Пријавите ќе бидат оценети и селектирани од страна на МЦМС и обучувачите. Организаторот ги покрива сите трошоци за обуката, освен патните трошоци за учесниците кои доаѓаат од градот каде што се одржува обуката. За сите дополнителни информации контактирајте ја Фанија Ивановска, на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |