Оглас за вработување: соработник на проекти и соработник за односи со јавност - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Оглас за вработување: соработник на проекти и соработник за односи со јавност PDF Печати Е-пошта
Вторник, 29 ноември 2016 10:02

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува јавен оглас за вработување на 2 (два) работника на определено време од шест месеци, со можност за продолжување, на работните места: 

  • Соработник на проекти: Раководење со проектен циклус (вклучително грантови) кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
  • Соработник за односи со јавност: Односи со јавност (подготовка на соопштенија за јавност, промотивен материјал, е-билтени, извештаи,  текстови за програмските активности за јавноста, организирање прес-конференции, координација на подготовка и издавање публикации, осигурување видливост на донатори и др.);

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите, како и следните посебни услови:

  • Основни познавања за работата на МЦМС;
  • Комплетирано високо образование;
  • Најмалку две години работно искуство на проекти за граѓанското општество во Македонија или односи со јавноста. 
  • Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори: СДЦ, ЕУ, УСАИД и др. ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност.
  • Познавање на административно и канцелариско работење.
  • Докажана способност да работи со компјутери, пред сè одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис.
  • Возачка дозвола: Б категорија.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:

  • за комуникација (усна и писмена) и презентација; 
  • за брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи; 
  • за тимска работа во мултикултурно опкружување;
  • за извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
  • за работа надвор од канцеларија;
  • за уредност и организираност;

Работно време: 40 часа во работна недела. Дневното работно време е флексибилно, со основно работно време од 9 до 15 часот и променливото работно време од 2 (два) часа дневно. Основната бруто плата може да изнесува најмногу 52.000 денари. Точниот износ ќе се утврди врз основа на искуството на кандидатот и описот на работни задачи.

Кандидатите треба да достават:

Документите треба да се достават на следната адреса (преферираме испраќање на документите по е-пошта):

Македонски центар за меѓународна соработка
Ул. Никола Парапунов бр. 41а, 1060 Скопје
Или на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Лице за контакт е Борче Јакимовски

Рокот за поднесување на документите e понеделник, 5 декември 2016 година. По истекот на рокот за поднесување на документи, со кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови, ќе биде спроведено тестирање. Кандидатите со најдобри резултати ќе бидат повикани на интервју. Изборот ќе се изврши во рок согласно Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Оглас за вработување: соработник на проекти и соработник за односи со јавност