ПРФ: Конкурс за доделување на мали грантови - Застапување и лобирање - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

ПРФ: Конкурс за доделување на мали грантови - Застапување и лобирање PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 18 април 2016 13:57

Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК, Скопје, и Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови, објавуваат повик за доделување на мали грантови на ромски граѓански организации.

Целта на конкурсот е да се обезбеди подршка на ромски граѓански организации кои работат на зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на ромската заедница во Република Македонија. Повикот ќе подржи проекти кои:

  1. Ќе демонстрираат иновативни модели на партнерство со јавните институции и приватниот сектор, особено во областите на врaботување и претприемништво со насока да бидат мултиплицирани или интегрирани во јавните политики;
  2. Ќе бидат во насока на мобилизирање на средства за техничка помош и подршка за зголемување на способностите на локалните даватели на услуги за полесен пристап и искористување на ЕУ фондовите;
  3. Се однесуваат на надминување на бариерите кои  го отежнуваат пристапот до ЕУ фондови, особено делот со финансискте капацитети на ромските граѓански организации.

Важноста од застапување и лобирање за ромската заедница оди во прилог на остварување на целите и приоритети предвидени со Стратегијата на Ромите и придонесува за развој и унапредување на можностите кои што им стојат на располагање на граѓаните.

Малите грантови се во висина од минимум 3.000 УСД до максимум 5.000 УСД, a вкупниот фонд на проектот Пристап на Ромите до фондови за оваа намена изнесува 25.000 УСД. Временската рамка за реализација на проектите треба да биде од 3 (три) до максимум 5 (пет) месеци.

Рокот за доставување е понеделник, 30 Maj, 2016 година до 15:00 часот- на следнава е-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Формуларите за пријавување, како и повеќе информации за конкурсот се достапни на веб-страната на Проектот пристап на Ромите до фондови www.prf.org.mk и www.insoc.org.mk

Проектот е финансиски подржан од програмата на Институт отворено општество Будимпешта „Да се направи максимум со ЕУ фондовите за Ромите“.

Контакт инфо:

Асоцијација иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје
Е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
т. +389 (0) 2 61 42 690

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи ПРФ: Конкурс за доделување на мали грантови - Застапување и лобирање