ПРФ: Конкурс за доделување на мали грантови - Застапување и лобирање |
Monday, 18 April 2016 13:57 |
Асоцијација Иницијатива за социјална промена – ИнСоК, Скопје, и Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на проектот Пристап на Ромите до фондови, објавуваат повик за доделување на мали грантови на ромски граѓански организации. Целта на конкурсот е да се обезбеди подршка на ромски граѓански организации кои работат на зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на ромската заедница во Република Македонија. Повикот ќе подржи проекти кои:
Важноста од застапување и лобирање за ромската заедница оди во прилог на остварување на целите и приоритети предвидени со Стратегијата на Ромите и придонесува за развој и унапредување на можностите кои што им стојат на располагање на граѓаните. Малите грантови се во висина од минимум 3.000 УСД до максимум 5.000 УСД, a вкупниот фонд на проектот Пристап на Ромите до фондови за оваа намена изнесува 25.000 УСД. Временската рамка за реализација на проектите треба да биде од 3 (три) до максимум 5 (пет) месеци. Рокот за доставување е понеделник, 30 Maj, 2016 година до 15:00 часот- на следнава е-mail адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Формуларите за пријавување, како и повеќе информации за конкурсот се достапни на веб-страната на Проектот пристап на Ромите до фондови www.prf.org.mk и www.insoc.org.mk Проектот е финансиски подржан од програмата на Институт отворено општество Будимпешта „Да се направи максимум со ЕУ фондовите за Ромите“. Контакт инфо: Асоцијација иницијатива за социјална промена, ИнСоК – Скопје |