Цивика мобилитас: Повик за акциски грантови [ЦМ-АКТ-01] - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цивика мобилитас: Повик за акциски грантови [ЦМ-АКТ-01] PDF Print E-mail
Tuesday, 21 April 2015 12:36

Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-01]

Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.

Civica Logo Clr

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас (2014-2018) има визија за Македонија во која граѓанското општество игра позитивна улога во реализацијата на потенцијалот на земјата и на сите нејзини граѓани.

Пријави можат да поднесат организации од Македонија, и тоа:

  • граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010);
  • непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.

Покрај водечката организација, во пријавите можат да се вклучат и партнери. Освен погоре наведените категории организации, партнери можат да бидат и медиумите, синдикатите и организациите на работодавачи.

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на побараниот грант не треба да биде под 1.000.000 и над 1.800.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 25.000.000 денари. Организациите можат да поднесат само една пријава на овој повик.

Краен рок за поднесување на пријавите е 20 мај 2015 г. до 16 часот, до кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние доставени лично, по курирска служба или по пошта.

Пријавите се доставуваат на адреса:

Цивика мобилитас
Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
ул. Никола Парапунов, бр. 41а
Поштенски фах 55, 1060 Скопје, Македонија

Цивика мобилитас нема да ги прифати пријавите кои се поднесени по електронски пат.

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it најдоцна до 10 мај 2015 г.

Цивика мобилитас ќе одржи една информативна сесија за овој повик. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас и информирајте се за евентуалните промени. Цивика мобилитас ги поттикнува апликантите редовно да ја следат веб и фејсбук страницата, за да бидат навремено и соодветно информирани за најновите прашања и одговори.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Цивика мобилитас: Повик за акциски грантови [ЦМ-АКТ-01]