Kонкурс за млади соработници, потенцијални кандидати за испорачатели на услуги во ПРФ |
Понеделник, 03 март 2014 12:28 |
Отворен е конкурс за млади соработници, потенцијални кандидати за испорачатели на услуги во рамки на проектот Пристап на Ромите до Фондови (ПРФ) Македонија, кој се спроведува од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Иницијатива за социјална промена (ИнСоК), како дел од програмата „Да се направи максимум со фондовите на ЕУ за Ромите“ (МтМ) на Фондацијата Институт Oтворено Oпштество, Будимпешта. Ангажманот на младите соработници е за период од 10 месеци. Целта на ангажманот е поддршка на сениор консултантите во процесот на работа со “корисниците“ и во процесот на развој на предлог проекти во корист на Ромите за финансирање од ЕУ и други фондови. Под „корисници“ во ПРФ се подразбираат организации кои конкурираат со проекти за ЕУ фондови независно или во партнерство, вклучително централни и/или локални институции, јавни услужни организации, формални и/или неформални организации на граѓанското општество (особено ромски), меѓународни организации и приватни претпријатија. Од избраните кандидати се очекуваат следните резултати:
Кандидатите за треба да ги исполнуваат следните барања:
Заинтересираните кандидати треба да достават работна биографија во формат на ЕУ и мотивационо писмо од една страница (двата документи на англиски јазик и со вклучени контакт информации) најдоцна до 10 март 2014 по електронска пошта на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Селекцијата на кандидатите се состои од два дела: 1) врз основа на доставени документи успешните кандидати ќе бидат поканети на обука и изработка на задача; 2) врз основа на учеството на обуката и успехот на завршената задача ќе биде направен конечен избор. Успешните кандидати ќе бидат информирани најдоцна до 31 март 2014 г. |