МЦМС бара ко-модератор за општина Шуто Оризари |
Четврток, 03 јануари 2013 11:32 |
Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општина Шуто Оризари ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Повеќе информации за програмата: www.forumivozaednicata.com.mk. Ко-модераторот е помошник на модераторот на форумот и раководител на оперативната група. Оперативната група е составена од 7 до 8 членови и е одговорна за техничката организација на сесиите. Задачи, одговорности и очекувани резултати:
Квалификации и искуство:
Опис на работни задачи за ко‐модератор во проектот „Форум во заедницата“. Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) и писмо за мотивација, најдоцна до 10 јануари 2013 г. (четврток), на следната адреса: ул. Никола Парапунов бр.41а; Пошт. фах 55, 1060 Скопје; или на електронска пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . |