Пуштање во употреба на водоводот во општина Јегуновце |
Понеделник, 25 октомври 2010 12:05 | |||
Медиумите ја пренесоа веста од свеченото пуштање во употреба на новиот водовод во општина Јегуновце: „Нов водовод за 11 населени места во општина Јегуновце“. Нов водовод за 11 населени места во општина Јегуновце Крај на проблемите со бактериолошко неисправната вода за пиење од постојниот водовод и бунарите треба да донесе новиот водовод за околу 8.500 жители во 11 населени места во општина Јегуновце кој денеска беше пуштен во употреба. Извор: Сител, 23.10.2010
Пуштен новиот водовод во Јегуновце Крај на проблемите со бактериолошко неисправната вода за пиење од постојниот водовод и бунарите. Овој проблем треба да биде решен со новиот водовод за 11 населени места од низинскиот дел на општина Јегуновце и кој денеска беше пуштен во употреба. - Се изработи вкупен резервоар со капацитет од 300 метри кубни, висински резервоар од 300 метри вкупни, врски помеѓу нив како и магистрален цевковод до должина од околу 17,5 километри во сите 11 населени места од нашата општина, рече Тони Коцески, градоначалник на општина Јегуновце. Извор: Канал 5, 23.10.2010
Проектот за регулација на Вардар поевтин од штетите ?! По месеци молк, премиерот Груевски денеска најави дека од идната година, конечно ќе почне да се реализира проектот за регулација на речното корито на Вардар. Со него ќе се реши проблемот со поплавите во полошките села, со кои жителите се соочуваат секоја година. Премиерот уште по поплавите пролетта најави дека проектот ќе се разгледа на прва владина седница, но дури денеска изјави дека проектот бил разгледан и ќе се реализирал етапно. Извор: Алфа, 23.10.2010
Нов водовод за 11 населени места во општина Јегуновце Крај на проблемите со бактериолошко неисправната вода за пиење од постојниот водовод и бунарите треба да донесе новиот водовод за околу 8.500 жители во 11 населени места во општина Јегуновце кој денеска беше пуштен во употреба. Извор: МИА, 23.10.2010 Јегуновце гради водовод за 12 села ТЕТОВО - Прв приоритет на руралната општина Јегуновце е обезбедување чиста вода за пиење во сите населени места, а особено во Поселието. Во овој реон се гради регионален водовод за 11 села од општината Јегуновце и уште едно од соседната Желино. Реализацијата на комуналниот објект се очекува да финализира до средината на наредната година. Извор: Утрински весник, 25.10.2010
Пуштен во употреба новиот водовод за 11 населени места во општина Јегуновце Во присуство на голем број на граѓани и гости, премиерот Никола Груевски, амбасадор на Кралството Норвешка Кјетил Паулсен и градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцески го пуштија во употреба новиот регионален водоснабдителен систем за примарна мрежа од кој со чиста и квалитетна вода за пиење ќе се снабдуваат вкупно 8.446 жители или 1.962 семејства од 11 населени места (Јегуновце, Подбреѓе, Јанчиште, Прељубиште, Шемшово, Жилче, Ратае, Сиричино, Туденце, Копанце и Раотинце) од рамничарскиот дел на Општина Јегуновце, како и населеното место Озормиште (Општина Желино) Извор: општина Јегуновце, 23 Октомври
Извор: ТВ КИСС, 23.10.2010
|