Адресар на ЕЛС и веб портал за локален развој - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на ЕЛС и веб портал за локален развој - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Петок, 09 октомври 2009 13:42

Со процесот на децентрализација, голем дел од надлежностите за локалниот развој се делегирани на општинските администрации. Кај голем дел од локалните самоуправи, посебно руралните, човечките капацитети се недоволни за приближување на општините до граѓаните, реализирање на нови развојни инцијативи и испорака на поквалитетни услуги.

Ефективно спроведување на новите ингеренции делегирани со процесот на децентрализација е условено од изградениот институционален и управувачки капацитет кој се јавува како еден од најважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на општините преку инвестиција во човечкиот развој  е еден од предусловите за ефективна и ефикасна локална самоуправа која ќе биде спремна да одговори на потребите и барањата на своите граѓани во брзо и навремено решавање на проблемите во заедниците.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот е изградена (зајакната) јавна поддршка за општините, посебно руралните и поттикната поголема меѓусебна информираност и комуникација на самите општини како и со другите актери од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор.

Целна група на проектот се заедниците и институциите, како локалните така и меѓународните.

Директни корисници на проектот се единиците на локалната самоуправа.

Целното подрачје е целата територија на Република Македонија.

Очекувани резултати се: подготвен и објавен Адресар на ЕЛС и подготвен и ажуриран веб портал www.lokalenrazvoj.org.mk
Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: концепција за дефинирање на содржината на адресарот; изработка на прашања за општините; собирање на информации за самите ЕЛС; подготовка на Адресар на единиците на локалната самоуправа; подготовка на база на општините; подготовка на анализи од податоците од адресарот и изработка и ажурирање на веб порталот за локален развој.

Основната претпоставки за реализирање на целите во рамките на проектот се подготвеноста на општините да ги исполнат очекувањата на МЦМС и постоење на капацитет на локалните самоуправи за навремено и целосно пополнување на прашалникот за потребите на Адресарот.

МЦМС има одговорност за управување и спроведувадње на проектот.

Посебен ризик за навремената и успешната реализација е краткиот временски период за спроведување на проектот, како и спремноста на општините за навремено пополнување на прашалниците.

Временскиот период на спроведување е 13 мај – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 753,300 МКД (директни трошоци). МЦМС обезбедува 753,300 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de).

 

Завршен извештај од проектот

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Адресар на ЕЛС и веб портал за локален развој - извршно резиме