Практичен прирачник за партнерство - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Практичен прирачник за партнерство PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 јуни 2008 12:52

Автор: Флориана Напини
Дата: септември 2006 година
ISBN: 9989-102-30-9
PDF:
bgp-br.2-prakticen-priracnik-za-partnerstvo-2006.pdf

Практичен прирачник за партнерствоГлавната перспектива во овој прирачник ќе биде партнерство во рамките на ЕУ, а фокусот ќе биде на структурните фондови (СФ) на ЕУ. Повеќето од презентираните аргументи и искуства се применливи во голем број други области како во контекст на ЕУ, така и во национален, регионален и локален контекст. Всушност, постојат големи сличности меѓу структурните фондови и претпристапната помош (ИПА) и инструментот на новата соседска политика (ЕНПИ). Структурата на овие нови инструменти (и особено нивната прекугранична димензија) сé повеќе се моделира врз основа на актуелната структура на структурните фондови. На пример, Комисијата повеќе не доделува парични средства толку едноставно. Таа сé повеќе се обидува да осигура дека фондовите се користат разумно од страна на релевантните власти. Ова значи дека фондовите обезбедени од ЕУ ќе треба да бидат искористени за примена на активни развојни политики. Комисијата сега бара кофинансирање од страна на релевантните власти. Ова се прави со цел да се зголеми чувството за одговорност и напорите на властите за ефикасно и ефективно искористување на овие фондови (како што покажува искуството со структурни фондови).

Започнувајќи од следниот програмски период (2007-2013), принципот за ЕУ партнерство (кој подетално ќе биде разгледан подолу), исто така ќе се применува и за Новиот соседски инструмент. Комисијата ќе побара при создавањето на партнерства да бидат вклучени претставници од различни тела и организации од секоја држава во планирањето и стратешкиот развој. Затоа, Комисијата придонесува за развојот на демократските процеси и истовремено води грижа спроведените проекти да бидат корисни и за целата ЕУ и за поединечната држава.

Разумно е да се претпостави дека искуството и најдобрите практики во однос на партнерството од долгогодишната имплементација на структурните фондови во земјите-членки на ЕУ (и старите и новите), навистина би можеле да бидат релевантни за сите соседни држави покриени со релевантните политики на ЕУ.

Затоа, поаѓајќи од дефиницијата на принципот за партнерство на ниво на ЕУ, овој прирачник ќе се обиде да ги истражи концептите и идеите што лежат во основата на партнерството како и некои од неговите форми и структури. Во овој прирачник се дадени и практични примери за примената на партнерството во пракса и најдобрите практики во голем број различни држави (од старите, преку новите земји-членки до соседните држави на ЕУ).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Практичен прирачник за партнерство