Прирачник за граѓански дијалог на Балканот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прирачник за граѓански дијалог на Балканот PDF Печати Е-пошта
Среда, 12 март 2008 14:09

Автори: Тина Микиели и Лидија Месарич
Дата: 2007 година
ISBN: 978-9989-102-59-2
PDF:
bgp-br5-priracnik-za-gragjanski-dijalog-na-balkanot-2007.pdf

Прирачник за граѓански дијалог на БалканотВо првиот дел публикацијата нуди информации за словенечкиот непрофитен сектор, стратешките документи и учеството на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки. Поврзано со ова се и двете студии на случај: Финансирање на граѓански дијалог и Спогодба за комуницирање пред и за време на словенечкото претседателство со ЕУ.

Вториот дел од публикацијата нуди кус преглед на различните практики на интеракција помеѓу граѓанските организации, владите и администрациите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија.

Соработката помеѓу владата и граѓанските организации е прикажана преку: постоење на владини структури и коалиции на граѓански организации кои го поддржуваат и унапредуваат односот помеѓу граѓанските организации и Владата, постоење на стратешки, политички документи усвоени од страна на владите кои утврдуваат долгорочни цели за соработка со граѓанскиот сектор и вклучување на граѓанските организации во процесот на создавање закони, политики и стратегии.

Прирачникот е напишан од перспектива на практичарите од граѓански организации и не се обидува да претставува детална анализа на односите помеѓу граѓанските организации и владата, туку водич низ разните практики и механизми на граѓанскиот дијалог кои беа развиени во различни опкружувања. Се надеваме дека како таков се покажува како корисна алатка за организациите на граѓанското општество кои работат на зајакнување на граѓанскиот сектор и неговата соработка со властите – како и поттикнување за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации во регионот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Прирачник за граѓански дијалог на Балканот