Иницијативи во руралните заедници во Прилеп - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Иницијативи во руралните заедници во Прилеп - извршно резиме PDF Печати Е-пошта
Недела, 07 декември 2008 15:37

Децентрализацијата е комплексен процес тесно поврзан со напорите за интеграција во Европа и со крајна цел подобрување на услугите за граѓаните кое ќе води кон подобрување на животниот стандард.

Модерната локална самоуправа од европски тип бара умешност и компетентно управување во општините. Прифаќањето на новите стандарди и вредности во функционирањето на локалната самоуправа, новата организациска култура, зајакнати капацитетите на луѓето во администрацијата преку унапредување на знаењата и вештините е чекор кон ефикасно и ефективно задоволување на потребите и интересите на граѓаните.

Законот за локална самоуправа го дефинира “непосредното учество на граѓаните” како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2).

Во Македонија сеуште постои праксата на пасивност кога станува збор за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за недоволниот број или нискиот квалитет на јавните услуги, за непочитување на уставните права и тие многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавната политика. Уште повеќе, не е вообичаено јавните институции да ги консултираат или да ги вклучат граѓаните или граѓанските организации во креирањето на политиката.

Формирањето на Месните заедници и создавањето на предуслови за нивна институционализирана поддршка на нивните активности повторно ќе ја промовира нивната многу важна улога во заедницата, да бидат алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа и да бидат промотори и организатори на активното граѓанство.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот е воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците.

Целна група на проектот се жителите од руралниот дел од општина Прилеп.

Целното подрачје ги опфаќа руралните заедници на општина Прилеп.

Очекуван резултати на проектот се: Зајакнати капацитети на ново формираните Месни заедници за спроведување на локални иницијативи, и Развиени знаења и вештини на Месните заедници за партиципативни пристапи на работа во заедниците.

Активностите преку кои ќе се постигнат горенаведените резултати се: Информативни работилници за постапката на формирање на Месните заедници и правилата за работа за МЗ во општина Прилеп; Обуки за институционален развој на Советите на МЗ (Стратешко планирање и раководење со проектен цилклус); Работилници за градење на капацитетите на Советите на МЗ за работа во руралните заедници; Повик за прибирање на предлог работни планови за развој на локалните партнерства и поддршка за спроведување на локалните акции и иницијативи; и Работилници за развој на локалните партнерства и помош при спроведувањето на локалните акции и иницијативи.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот е разбирањето на значењето и улогата на Месните заедници за подобрување на локалниот развој на руралните заедници од страна на Локалната самоуправа. Претпоставката дека Локалната самоуправа ќе воведе системи и процедури за поддршка на годишните планови за работа на Месните заедници а со тоа и институционална поддршка на локалните иницијативи и акции кои Месните заедници ќе ги спроведуваат во руралните заедници, ќе има големо влијание за остварување на целите на проектот.

МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со општина Прилеп и Финадацијата за поддршка и развој имаат одговорност за негово спроведување.

За остварувањето на целите на проектот треба да се имаат во предвид неколку ризици: непостоење на доволен интерес на МЗ за пријавување на повикот за поддршка за спроведување на локални иницијативи, немање доволен капацитет кај МЗ да го обезбедат потребното финансиско учество од 20% во финансиската конструкција за поддршка на локалните акции и иницијативи, и неспроведувањето на планираната динамика на формирање на месните заедници во општина Прилеп.

Ризикот за (не)успешната реализација на целите на проектот е во корелација и со обуките имплементирани од други значајни агенции. Имено, поаѓајки од претпоставката дека предвидените со проектот обуки и консултации може да не се доволен инпут во остварувањето на целите за подобрени организациски и институционални капацитети на ЛС, се обидовме да ги утврдиме приоритетите на другите актери (прилог 2). Синергијата меѓу овие обуки и обуките и консултациите од другите релевантни актери и агенции ќе биде секако важен удел во подобрување на капацитетите на ЛС.

Временскиот период на спроведување е 26 септември – 20 декември 2008 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 984.141,00 МКД.

МЦМС обезбедува 548.844,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de).

Останатите средства се сопствено дирекно учество на ФПР-Прилеп со 47.365,00 МКД, 312.732,00 МКД се финансиска поддршка доделена на ФПР-Прилеп од ЕЛС Прилеп, и 75.200,00 МКД е сопствено учество на вклучените Месните заедници.

Завршен извештај од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Иницијативи во руралните заедници во Прилеп - извршно резиме