Иницијативи во руралните заедници во Прилеп - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Иницијативи во руралните заедници во Прилеп PDF Печати Е-пошта
Недела, 07 декември 2008 15:37

Во Македонија сеуште постои праксата на пасивност кога станува збор за граѓанското учество на локално ниво. Граѓаните се воздржани кога станува збор за недостатоците, за недоволниот број или нискиот квалитет на јавните услуги, за непочитување на уставните права и тие многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавната политика. Уште повеќе, не е вообичаено јавните институции да ги консултираат или да ги вклучат граѓаните или граѓанските организации во креирањето на политиката.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше воспоставување на партиципативни пристапи во заедниците.

Целна група на проектот беа жителите од руралниот дел од општина Прилеп. Целното подрачје ги опфати руралните заедници на општина Прилеп.

Постигнати резултати на проектот се: Зајакнати капацитети на ново формираните Месни заедници за спроведување на локални иницијативи, и Развиени знаења и вештини на Месните заедници за партиципативни пристапи на работа во заедниците.
Активностите преку кои се постигнаа горенаведените резултати се:

Информативни работилници за постапката на формирање на Месните заедници и правилата за работа за МЗ во општина Прилеп. Во рамките на проектот во периодот од 06 до 09 октомври 2008 се одржаа на 9 Информативни работилници со кои беа опфатени 72 претставници (70м/2ж) од 9 Месните заедници.

Обуки за институционален развој на Советите на МЗ. Обука за Стратешко планирање се одржа на 08-09.11.2008 во х. Кристал Палас во Прилеп, во присуство на 17 учесници од 15 МЗ, од кои 14 беа мажи а три жени. Обука за Раководење на проектен циклус се одржа на 10-11.11.2008 во х. Кристал Палас во Прилеп, во присуство на 14 претставници од 13 МЗ, од кои 12 беа мажи а две жени.
Работилници за градење на капацитетите на Советите на МЗ за работа во руралните заедници. Се спроведоа четири еднодневни работилници на кои учествуваа вкупно 58 претставници од 25 совети на Месни заедници, од кои 56 беа мажи а две жени.

Повик за прибирање на предлог работни планови за развој на локалните партнерства и поддршка за спроведување на локалните акции и иницијативи. Од 13 МЗ беа доставени 31 барање за поддршка на проект, од кои 23 беа одобрени и тоа за: Спроведување на анкета-алатка за истражување на јавото мислење во заедницата - 5 проекти, Мобилизација на ресурси за локална акција - 1 проект, Обезбедување на техничка документација-градење на соработка со релевантните институции, учество на заедницата - 8 проекти, Промоција на локален бренд како инструмент за развој на заедницата – 1 проект, Водење на ефективни состаноци и административна работа, креирање база на податоци-архива – 8 проекти.

Работилници за развој на локалните партнерства и помош при спроведувањето на локалните акции и иницијативи. Со проектот беа спроведени 23 на кои вкупно учествуваа 90 претставници од МЗ, од кои 88 беа мажи а 2 жени.

Со проектните активности беа опфатени вкупно 254 претставници од Месните заедници на територија на Општина Прилеп, од кои 242 беа мажи а 12 жени.

МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со општина Прилеп и Фондацијата за поддршка и развој имаа одговорност за негово спроведување.

Предвидените ризици за остварувањето на целите на проектот (непостоење на доволен интерес на МЗ за пријавување на повикот за поддршка за спроведување на локални иницијативи, немање доволен капацитет кај МЗ да го обезбедат потребното финансиско учество од 20% во финансиската конструкција за поддршка на локалните акции и иницијативи, и неспроведувањето на планираната динамика на формирање на месните заедници во општина Прилеп) не се остварија.

Временскиот период на спроведување беше 26 септември – 24 декември 2008 год.

Вкупните расходи на проектот изнесуваат 932.755,00 МКД. МЦМС обезбеди 488.991,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија. Останатите средства се сопствено дирекно учество на ФПР-Прилеп со 55.832,00 МКД, 312.732,00 МКД се финансиска поддршка доделена на ФПР-Прилеп од ЕЛС Прилеп, и 75.200,00 МКД е сопствено учество на вклучените Месните заедници.

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Иницијативи во руралните заедници во Прилеп