Активно граѓанство - извршно резиме - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Активно граѓанство - извршно резиме PDF Печати Е-пошта

Подобрување на одговорноста на граѓаните, граѓанските организации и институциите

dum301-aktivno-graganstvoТетовскиот, Кумановско-Липковскиот и Скопскиот регион се дел од т.н. поранешни кризни региони во земјата кои беа дел од конфликтот во 2001 година. Од тој период до сега, постигнато е одредено ниво на хармонизација на односите меѓу различните етнички групи, но, постојат многу локални проблеми кои треба да се дискутираат и решат со заеднички напори на различните засегнати страни. Овие региони се карактеризираат со слаба инфраструктура, неразвиеност, географска и институционална изолираност и висок процент на невработеност.

Овие локални проблеми треба да се дискутираат и решат со заеднички напори на различните засегнати страни. Од една страна, во овие региони постојат граѓански организации кои со својот ентузијазам, можат да дадат помош и поддршка во надминувањето на проблемите во заедницата со цел да се постигнат посакуваните резултати, а од друга страна, за решавање на локалните проблеми, неопходна е иницијатива и активност и на локалните општински лидери и активни граѓани, воопшто. Но, ниту организациите ниту локалните лидери не се доволно развиени и обучени да ја дадат потребната поддршка.

Целна група на проектот е населението од руралните области на Кумановско - Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион.

Директни корисници се локалните општински лидери и локалните активни граѓани од месните заедници на руралните области на Кумановско-Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион.

Општа цел на проектот е придонес кон подобрување на одговорноста на граѓаните, граѓанските организации и институциите.

Цел на проектот е зголемена свест и зајакнати капацитети за граѓанска одговорност на локалните општински лидери и локалните граѓани од руралните области на Кумановско - Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион.

Очекувани резултати на проектот се: Развиени и зајакнати капацитети на општинските лидери за развојни иницијативи и нивна формулација во проекти; Стимулирани иновации/активности за решавање на локални проблеми во месните заедници; Воспоставен партиципативен пристап во месните заедници и општините и Развиени предлог проекти за инфраструктурни иницијативи во секоја од селектираните месни заедници.

Во рамките на проектот ќе бидат спроведени 9 работилници (по 3 во Кумановско-Липковскиот, Скопскиот и Тетовскиот регион) на следниве теми: Работилница за проектно планирање; Работилница за формулација на проекти и Работилница за буџетирање и пристап до донатори.

МЦМС е целосно одговорен за спроведување на проектот.

Средствата за спроведување на овој проект ќе бидат обезбедени од ОБСЕ.

Временскиот период на спроведување е 01 јули – 31 декември 2008 година.

Буџетот изнесува 344.600,00 МКД (директни трошоци).

 

Завршен извештај од проектот.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Активно граѓанство - извршно резиме