A1: Владата ќе обезбеди помош за поплавените во Куманово - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

A1: Владата ќе обезбеди помош за поплавените во Куманово PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 јануари 2003 01:00

Македонската Влада денеска ја усвои информацијата за поплавите во дел од Куманово, според која, погодени се 403 семејства или 2.000 лица, изјави владиниот портпарол Сашо Чолаковски.

Во првиот бран биле погодени 169 семејства, односно 1.000 лица, од кои над половината деца. Во вториот бран, реките Којнарка и Кумановка предизвикале уште поголеми штети, така што граѓаните морале да се сместуваат во прифатни центри или кај други семејства.Како последица на поплавите четири лица била потешко повредени и биле прифатени во Медицинскиот центар во Куманово, а едно од нив починало вчера.

„Македонскиот центар за меѓународна соработка, Федерацијата на Црвениот крст и на Црвената полумесечнина, како и на Македонскиот црвен крст организираат три бесплатни оброка дневно во Медицинскиот центар во Куманово и во ресторанот Парк“, рече Чолаковски.

Тој додаде дека овие организации за настраданите семејства обезбедиле ќебиња, хигиенски и бебешки пакети, како и пакети со храна.

МЦМС донирал 100.000 денари, а со донации се јавиле и хуманитарната организација „Милосрдие“ при Македонската православна црква и Институтот отворено општество Македонија.

Владиниот портпарол информира дека помошта била координирана од Министерството за труд и социјална политка.

saso-colakovskiВладата го задолжила Министерството за здравство да ги ослободи од партиципација граѓаните кои настрадаа од поплавите, а Министерството за труд и социјална политика да обезбеди еднократна парична помош за нив и за семејствата што ги имаат прифатено.

„Останататите ресори ќе треба да ја проценат штетата“, истакна Чолаковски.

Извор: А1 (13.01.2003)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите A1: Владата ќе обезбеди помош за поплавените во Куманово