| Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 |
|
|
|
| Вторник, 09 декември 2025 15:14 | |
|
Автори: Јасмина Ристовска, Теа Цветановска и Снежана Камиловска Трповска Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави новиот „Извештај за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025“. Извештајот претставува сеопфатен преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во земјава. Новото издание е продолжение на долгогодишната работа на МЦМС за систематско следење на корупцијата. Истражувањата на оваа тема започнаа во 2014 година. Методологијата за подготовка на овој извештај користи различни извори на информации и ги комбинира квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата, меѓу кои и анкетата со население. Извештајот содржи седум делови: ниво на корупција, политики, институции, судство, економија, граѓански сектор и меѓународна соработка. Ова истражување е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење капацитети за застапување врз основа на докази, политичко влијание и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“, поддржан од Европската Унија. Претходните шест изданија беа поддржани од УСАИД (2014, 2016), од Британската амбасада (2018) и од Европската Унија (2019, 2021, 2023).
|