Соработка, идеи и граѓанска енергија на „Форумот на идеи“ во Штип |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 24 септември 2025 00:00 | |
Триесетина претставници на граѓанските организации од Источниот регион Виница, Делчево, Пехчево, Радовиш, Свети Николе и Штип учестуваа на дебатата за застапување “Форум на идеи“, што се одржа на 24 септември во Ресурсниот центар во Штип. Настанот беше организиран со цел подобро запознавање, овозможување на простор за меѓусебна соработка, размена на искуства и идеи, како и поттикнување на заеднички иницијативи за застапување. Централната тема на настанот беше застапувањето на граѓанските организации, а учесниците преку интерактивни активности дискутираа за својата работа, приоритети и тековни предизвици. На прашањето „Кои се најчестите предизвици со кои се соочувате при застапувањето?“, учесниците ги истакнаа следниве:
Овие предизвици беа препознаени како заеднички и се отвори дискусија за можни решенија преку зајакнување на меѓусебната поддршка, споделување ресурси и заедничко аплицирање за фондови. Во отворена и продуктивна атмосфера беа идентификувани неколку клучни области за идни заеднички иницијативи:
Во делот за градење база на поддржувачи за кампањите за застапување, беа предложени:
Посебно внимание беше посветено на прашањето „Како младите може да се активираат за да се вклучат во процесите на застапување?“ Учесниците понудија низа идеи:
Учесниците истакнаа дека овие теми се релевантни за повеќето организации и дека постои интерес за меѓусебна соработка, како и за поврзување со други чинители на национално ниво. Во рамки на настанот беше презентирана и алатката за застапување, која овозможува регистрација на иницијативи од граѓански организации. Присутните беа охрабрени да ги регистрираат своите активности, со цел да се зголеми видливоста на постигнатите резултати, да се поттикне поврзување и размена на добри практики, и да се привлече поголем интерес и вложување од донаторската заедница во тековни и идни иницијативи. Настанот покажа дека граѓанските организации од Источниот регион имаат волја, идеи и потенцијал за заедничко делување. Преку вакви средби се создава основа за поширока мрежа на поддршка, учење и влијание. Организаторите најавија продолжување на вакви средби и активности, со цел да се зајакне капацитетот на граѓанските организации и да се создадат услови за поефективно застапување на локално и национално ниво. Оваа дебата се реализираше во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.
|