Референдум 2018 - Ставови на јавноста за решавање на спорот со името - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Референдум 2018 - Ставови на јавноста за решавање на спорот со името PDF Печати Е-пошта
Среда, 05 септември 2018 18:38

Aвтор: Александар Кржаловски, Миша Поповиќ
Дата: Септември, 2018 година
PDF MK: referendum-2018-stavovi-na-javnosta-vo-makedonija-vtora-anketa.pdf
PDF EN: referendum-2018-public-opinion-poll-on-name-dispute.pdf

referendum 2 anketaВо овој извештај „Референдум 2018 – втора анкета“ презентирани се и анализирани се ставовите на јавноста во Македонија во однос на претстојниот референдум за постигнатиот договор со Грција за спорот околу името на државата, добиени преку испитувањето на јавното мислење кое за ТВ Телма, МЦМС и ИДСЦС го спроведе агенцијата М-проспект од 07 до 25 август 2018 година. 

Извештајот е составен од вовед, вклучувајќи и методологија, наоди во однос на излезноста на референдумот, потоа следуваат ставовите како ќе гласаат испитаниците (за/ против), како и причините кои граѓаните ги наведуваат за својот избор, поглавје со ставови за (не)поддршка на одредени специфични прашања поврзани со референдумот, а завршува со заклучоци.

Истражувањето треба да придонесе кон поширока и поинформирана јавна дебата за спорот за името и договорот со Грција, во која ќе бидат вклучени сите релевантни чинители.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Референдум 2018 - Ставови на јавноста за решавање на спорот со името