Анализа на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 30 октомври 2017 16:01

Автор: Симона Огненовска, МЦМС 
Дата: Oктомври 2017г.
ISBN: 978-608-4681-91-5
PDF: Analiza_na_budzhetskoto_finansiranje_na_gragjanskite_organizacii_na_centralno_nivo.pdf

Analiza na budzhetskoto finansiranje na gragjanskite organizacii na centralno nivoСекоја година од буџетот се издвојуваат средства за граѓанските организации главно преку буџетската ставка 463-Трансфери до невладини организации, и тоа во просек по 270 милиони денари годишно (0,14% од вкупните расходи на буџетот на РМ) во периодот 2013-2016 г. Распределбата на буџетските средства ја вршат Генералниот секретаријат на Владата на РМ преку Одделението за соработка со невладини организации (4%) и во просек 10 различни органи на државната управа за различни организациски облици (96%). Значаен дел од буџетските средства се обезбедуваат од игри на среќа и забавни игри (29%-39%). 

Оваа анализа го опфаќа постоечкиот модел на државното финансирање на граѓанските организации во Македонија во периодот 2013-2016 во поглед на практиката на органите на државната управа, како и правната рамка. Анализата се заснова на информации добиени од примарни и секундарни извори на податоци, односно веб прашалникот кој го подготви проектниот тим на МЦМС на кој одговори дадоа 254 граѓански организации и деск истражување на законодавството (законски и подзаконски акти).

Во оваа публикација е даден и краток преглед и на процесот на распределба на средства за граѓански организации од приходите на игрите на среќа и забавните игри. 

Анализата е составена од четири дела. Во првиот дел е опфатена околината во која дејствуваат граѓанските организации, како и основните параметри за согледување на економската вредност на граѓанскиот сектор. Вториот дел дава општ преглед на постоечкиот модел на државно финансирање за граѓанските организации и начелата на кои се заснова. Во третиот дел е даден  преглед на законската основа за финансирањето од буџетските средства, начините на финансирање по различни органи на државна управа, како и сите фази од постапката на доделување и управување со средствата (програмирање, спроведување повик и прибирање апликации, оценка, одлучување и објавување резултати, склучување договори, известување, следење и оценка на ефектите и учество на ГО во сите фази). Последниот дел обезбедува заклучоци врз основа на наодите од анализата, кои се основа за препораки за реформа на моделот на државно финансирање за граѓанските организации.

Анализата на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво е подготвена во рамки на проектот „Кон реформирано државно финансирање на граѓанските организации“ , кој го спроведуваат МЦМС и Центарот за информации соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Анализа на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво