Задоволство од местото на живеење и планови за напуштање на Република Македонија |
![]() |
![]() |
![]() |
Среда, 26 април 2017 15:25 | |||
Автор: Гонце Јаковлеска
Во Македонија, оваа тема често се користи во меѓупартиските препукувања. Политичките партии меѓусебно се обвинуваат за бројот на иселените, за причините на иселувањето итн. Сепак, надвор од партиските интереси, иселувањето на населението е сериозен општествен проблем кој бара сериозна дебата што ќе ги вклучи сите општествени чинители. Сакајќи да понуди податоци во оваа општествена дебата и имајќи ги предвид барањата на граѓаните за тоа што е нивниот интерес во дебатните емисии, МЦМС и Телма, со поддршка на М-Проспект спроведоа анкета за иселувањето. Анкетата не се задржува не само на прашањата за иселувањето туку го поставува и прашањето за причините за иселувањето како и посакуваната дестинација на оние кои размислуваат и планираат да ја напуштат земјата. Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ подржана од УСАИД. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.
|