Задоволство од местото на живеење и планови за напуштање на Република Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Задоволство од местото на живеење и планови за напуштање на Република Македонија PDF Print E-mail
Wednesday, 26 April 2017 15:25

Автор: Гонце Јаковлеска
Датум: април 2017г.
PDF: iseluvanjeto-megju-zelbite-i-moznostite.pdf

iseluvanjeto-megju-zelbite-i-moznostiteТелевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведоа истражувања на јавното мислење на тема: „Задоволство од местото на живеење и планови за напуштање на Република Македонија“. Ова е една од темите за кои подолго време се дебатира во Македонија. Иако доживеан како горечки проблем на државата, иселувањето всушност е глобален проблем со кој се соочуваат голем број држави, вклучително и оние развиените. Причините се различни. Од основните кои во фокусот го ставаат преживувањето, преку потрагата по подобар стандард, образование, кариера, љубов итн.

Во Македонија, оваа тема често се користи во меѓупартиските препукувања. Политичките партии меѓусебно се обвинуваат за бројот на иселените, за причините на иселувањето итн. Сепак, надвор од партиските интереси, иселувањето на населението е сериозен општествен проблем кој бара сериозна дебата што ќе ги вклучи сите општествени чинители.  Сакајќи да понуди податоци во оваа општествена дебата и имајќи ги предвид барањата на граѓаните за тоа што е нивниот интерес во дебатните емисии, МЦМС и Телма, со поддршка на М-Проспект спроведоа анкета за иселувањето. Анкетата не се задржува не само на прашањата за иселувањето туку го поставува и прашањето за причините за иселувањето како и посакуваната дестинација на оние кои размислуваат и планираат да ја напуштат земјата.

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ подржана од УСАИД. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект. 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity MCIC in the Media Задоволство од местото на живеење и планови за напуштање на Република Македонија