Програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 13 јуни 2016 13:20

Civica Logo originalЦивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија втора фаза се спроведуваше од октомври 2014 година до декември 2018 година. Во тек е спроведувањето на третата фаза на програмата која започна на 1 јануари 2019, а ќе трае до 31 декември 2022 година. 

Општа цел: Општествените промени во Македонија се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Програмата има четири резултати:

  1. Околината за развој на граѓанското општество е подобрена преку креирање механизми за подобра соработка помеѓу властите и граѓанските организации и зголемување на јавното финансирање за граѓанското општество.
  2. Граѓанските организации градат силни конституенти овозможувајќи активно учество на граѓаните во граѓанските иницијативи како и во волонтерските активности.
  3. Соработката помеѓу граѓанските организации е подобрена и води кон сојузи во граѓанското општество.
  4. Граѓанските организации активно учествуваат во јавните политики и носењето одлуки кои водат кон подобри политики и практики.

Целна група: Здруженијата и фондациите регистрирани во Македонија според Законот за здруженија и фондации. Другите актери на граѓанското општество како што се синдикатите, стопанските комори, медиумите, научно-истражувачки установи, како и самите граѓани.

Активности: Активностите се групирани во три компоненти:

  • Финансиска поддршка - Грантови;
  • Учење;
  • Настани.

Буџетот изнесува околу 6 милиони швајцарски франци.

Веб-страница на програмата: http://www.civicamobilitas.mk

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас