Програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас |
E hënë, 13 qershor 2016 13:20 | |||
Цивика мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество чија втора фаза се спроведуваше од октомври 2014 година до декември 2018 година. Во тек е спроведувањето на третата фаза на програмата која започна на 1 јануари 2019, а ќе трае до 31 декември 2022 година. Општа цел: Општествените промени во Македонија се поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво. Програмата има четири резултати:
Целна група: Здруженијата и фондациите регистрирани во Македонија според Законот за здруженија и фондации. Другите актери на граѓанското општество како што се синдикатите, стопанските комори, медиумите, научно-истражувачки установи, како и самите граѓани. Активности: Активностите се групирани во три компоненти:
Буџетот изнесува околу 6 милиони швајцарски франци. Веб-страница на програмата: http://www.civicamobilitas.mk
|