Утрински весник: Прирачник за читање анкети - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Утрински весник: Прирачник за читање анкети PDF Печати Е-пошта
Среда, 19 декември 2012 10:14

Мислења: Роберт Несими

Шаренилото на резултатите од анкетите создаде забуна, не само кај обичниот гласач, туку и кај познавачите на политичките состојби во земјата. Општ консензус е дека анкетите се премногу пристрасни..

Со крајот на годината и по почетокот на новата, кога и официјално се очекува распишување на локалните избори, политичкиот фокус во земјата сигурно ќе се сврти целосно во таа насока. Листите на кандидатите ќе бидат познати, ќе се формираат штабови и ќе започнат кампањите, а сигурно ќе зачестуваат и анкетите за рејтинзите на партиите кои во изминатиот период беа ретки. Во пресрет на парламентарните избори бевме сведоци на речиси секојдневни објавувања на мерења на расположението на граѓаните од секакви институции. Недостигот од каква било конвергенција кон некој препознатлив просек и шареноликоста на резултатите кои тие ги прогнозираа, со право создаде забуна, не само кај обичниот гласач, туку и кај познавачите на политичките состојби во земјата. Општ консензус изминативе години е дека анкетите се порачани, премногу пристрасни и најпаметно е целосно да се игнорираат.

....

Сето ова значи дека по кое било рангирање, ИД-МЦМС беше најблиску до вистината во 2011, но вреди да се каже дека сепак и кај таа анкета грешките на рејтинзите на некои партии беа значителни. Затоа, за да се чита коректно, ниту таа, ниту која било друга анкета, не треба да се земаат буквално какви што се. Како релативно порелевантни, сепак, ќе ги издвоиме ИД-МЦМС и ИПИС, со забелешка дека тие ги потценуваат големите македонски партии, а при тоа ИПИС значително го потценува СДСМ. „Брима“ го има истиот проблем, но истовремено го преценува ДУИ. За „Павел Шатев“ може да сметаме дека дава добри приближни резултати за ДПМНЕ и за другите партии, но прави огромна искривеност на рејтингот на СДСМ. Анкетата на „Дневник“ прави речиси еднакви грешки за сите партии, што значи дека е сосема ирелевантна за рејтингот на помалите партии. ИСППИ дава добри процени за македонските партии, но промаши целосно кај албанските. „Хоризонт“ исто така ги прецени рејтинзите на албанските партии, особено на помалите како Нова демократија. „Прогрес“ и „Димитрија Чуповски“ се најпристрасните анкетари, првата склона кон СДСМ, а втората кон ДПМНЕ.

....

Извор: Утрински весник (12.12.2012)

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Утрински весник: Прирачник за читање анкети