Промовирани „Студии на случај“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промовирани „Студии на случај“ PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 август 2011 15:15

МЦМС ја промовираше публикацијата Охридски рамковен договор - Студии на случај, една од серијата публикации посветени на 10 – годишнината од потпишувањето на ОРД. Во прилог се написите во медиумите.

Економијата нé загрижува, од меѓуетничките односи се плашиме

Дали е точна перцепцијата дека во Македонија со години најмногу сме загрижени за меѓуетничките односи? Тоа ли е дежурната тема од осамостојувањето, во периодот на кризата во 2001-та, па до денес, кога се одбележуваат десет години од Охридскиот рамковен договор? Испитувањата на јавното мислење, односно споредбата на резултатите од пред една деценија и денес, велат дека тоа не баш така. Интересот или загриженоста на граѓаните со години е многу поголема за економските прашања отколку за меѓуетничките односи, па како и за многу работи, така и за ова се покажува дека станува збор за стереотипи.

Извор: Нова Македонија

 

Од петтемина потписници, Рамковниот ќе го слави само Црвенковски

Од петмина потписници на Охридскиот рамковен договор, на конференцијата по повод 10-годишнината од донесувањето на овој документ што ќе се одржи денес и утре во Охрид, ќе се појави само еден. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковиски е единствениот од тројцата живи потписници, кој го потврди присуството на настанот што го организира Секретаријатот за имплементација на Охридскиот договор - СИОФА.

Извор: Вечер

 

Донесени над 130 закони кои се обврска од Рамковниот договор

Повеќе од 130 закони и законски измени и дополнувања се донесени во изминатите 10 години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор од кои најголем дел 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентарлизација на власта.

Извор: МТВ

 

МЦМС ја скенираше работата на Собранието

Собранието донело 130 закони за да го спроведе Рамковниот договор, а изменило 59 за да се спороведе правичната застапеност -истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Според МЦМС 50 проценти од граѓаните сметаат дека Рамковниот е комплетно спроведен.

Извор: Сител

 

Промовирана публикацијата „Студии на случај" за ОРД

Извор: Македонија 24

 

Промовирана публикацијата „Студии на случај" за Охридскиот рамковен договор

Над 130 закони и законски измени се усвоени во последните 10 години како последица на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, покажува публикацијата „Студии на случај", промовирана денеска од страна на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

Извор: Макфакс

 

Донесени над 130 закони кои се обврска од Рамковниот договор

Повеќе од 130 закони и законски измени и дополнувања се донесени во изминатите 10 години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор од кои најголем дел 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентарлизација на власта.

Извор: Курир

 

Промовирана публикацијата „Студии на случај" за Охридскиот рамковен договор

Над 130 закони и законски измени се усвоени во последните 10 години како последица на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, покажува публикацијата „Студии на случај", промовирана денеска од страна на Македонскиот Центар за меѓународна соработка.

Извор: Кајгана

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Промовирани „Студии на случај“