Градење општество отпорно на корупција - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење општество отпорно на корупција PDF Печати Е-пошта

И покрај постоењето на национални стратегии и законски механизми, корупцијата и понатаму претставува еден од најсериозните предизвици за владеењето на правото, довербата во институциите и демократскиот развој на државата. Ограничената примена на планираните мерки, недоволниот надзор и отсуството на ефикасни механизми за јавна отчетност создаваат простор антикорупциските политики да останат само формално усвоени документи. Програмата директно одговара на овие слабости преку воведување иновативни дигитални алатки, градење капацитети и поттикнување општествена промена во односот кон корупцијата. Преку јакнење на транспарентноста, отчетноста и активното учество на граѓаните, граѓанските организации и приватниот сектор во следењето и спроведувањето на антикорупциските политики ќе се придонесе кон намалување на корупцијата во Северна Македонија.

Општа цел на програмата е да се придонесе кон создавање општество отпорно на корупцијата преку зајакнување на отчетноста, транспарентноста и активното граѓанско учество.

Очекувани резултати на програмата се:

  • воспоставување функционален и јавно достапен механизам за следење на антикорупциските политики;
  • зголемена отчетност на институциите;
  • зајакнати капацитети на граѓанското општество и приватниот сектор;
  • повисоко ниво на јавна свест и активно учество на граѓаните во борбата против корупцијата.

Целни групи се граѓански организации, приватниот сектор, антикорупциски активисти и медиуми како и граѓаните како крајни корисници, кои ќе имаат поголем пристап до информации и можности за учество.

Активности кои ќе придонесат за постигнување на резултатите се:

  • Зајакнување на јавниот и граѓанскиот надзор врз спроведувањето на антикорупциските политики со фокус на Националната стратегија за превенција на корупција и судир на интереси 2026-2030;
  • Оспособување на граѓанските организации и приватниот сектор за активно учество во спречување и детектирање на корупција;
  • Подигање на јавната свест и поттикнување на промена на однесувањето и вредностите поврзани со корупцијата.

Програмата ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка во период од 1 јануари 2026 година до 30 јуни 2028 година и истиот е финансиски поддржан од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Буџетот изнесува 277.794 евра од кои најголем дел од потребните финансиски ресурси се обезбедени од ЕУ (89.99%). Средства за кофинансирање се обезбедени од МЦМС.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Соработка Организации со кои соработуваме