Родово базирано насилство врз жените во спртот во Северна Македонија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Родово базирано насилство врз жените во спртот во Северна Македонија PDF Печати Е-пошта

Автор: Бојана Јовановска, Силвија Митевска
Датум: јануари 2026
PDF: rodovo_bazirano_nasilstvo_vrz_zhenite_vo_sportot_vo_severna_makedonija-mk.pdf

rodovo mkОваа анализа има за цел да ги истражи различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот во Северна Македонија, начинот на кој спортистките ги препознаваат и доживуваат овие појави, како и постоењето и видливоста на механизмите за нивна заштита. Фокусот во анализата е ставен на индивидуалните искуства на спортистките, институционалните практики во спортскиот сектор и празнините во системот, со цел да се добие појасна слика за тоа како спортската средина одговара или не одговара на овие предизвици.

За целите на изработката на ова истражувањето беше употребен комбиниран пристап на кванитативни и квалитативни методи, заснован на анализа на секундарните извори и податоци и прибирање примарни податоци, со цел подобро разбирање на појавите поврзани со родово базираното насилство врз жените во спортот во Северна Македонија. Овој пристап овозможи квантификација на основните трендови на препознавање на насилството, изложеноста, пријавувањето итн., квалитативно продлабочување на динамиките на моќ, перцепциите, бариерите и институционалните реакции, како и проверка и споредување на институционалните изјави со јавно достапните документи.

Комбинирањето методи овозможи анализа на системските фактори кои го овозможуваат насилството, како и разбирање на личните искуства кои не можат да бидат опфатени само со квантитативен пристап.

Истражувањето беше спроведено во периодот од август до декември 2025 година.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Донирај Зошто да донирам?