Сведоштва - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сведоштва PDF Печати Е-пошта

Учениците, наставниците и родителите се презадоволни со подобрените услови во училиштето Гоце Делчев во с. Конче. „Децата поминуваат доста време во училиштето и престојот таму треба да им биде пријатен“, вели Данче Костадинова, мајка на четвртооделенецот Кристијан. „Син ми е одушевен од промените, прозорците им биле поубави и од тие дома“, раскажува таа со насмевка.

„Јас имам две девојчиња во училиштето, во второ и во четврто одделение. Разликата е многу видлива, нема провев, децата поретко се разболуваат, дури и тие што седат до прозорците, што порано беше неомилено место, сега немаат проблем“, Славица Вчкова.

Родителите на децата што учат во училиштето во с. Нова Маала имаа проблем со безбедноста. Незаградениот школски двор беше закана за нивните деца. Сега, со поддршката на МЦМС направен е ограден ѕид на школскиот двор. Вклучените не го кријат задоволството од завршените работи. „Работата ја завршивме експедитивно и успешно на задоволство на сите родители, ученици и наставници“, вели Ѓорѓи Цонев, советник во општината Василево. „Позитивните реакции не можат да се опишат со зборови. Овој проблем не мачеше долги години затоа што децата во училиштето не беа безбедни, беа изложени на сообраќајот од улицата, ама сега тоа е зад нас.  Сите вклучени страни одлично соработуваа, процесот беше партнерски секогаш бевме во тек со тоа што се случуваше вклучително и со постапката за набавки и изборот на добавувач. Успеавме да ги завршиме сите преземени обврски. Општината имаше и сопствено учество во проектот во уредување на дворот и засадување на зеленило, а сега се довршуваат патеките“, додаде Цонев.

 

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Донирај