Раководење со Секретаријатот на БЦСДН - извршно резиме |
БЦСДН е мрежа на 14 граѓански и екуменски организации од 10 земји на Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Рома-нија, Словенија и Србија). Главна цел на мрежата е јакнење на напорите за координација, соработка и градење на капацитетите на организациите-членки и останатите партнери во Југоисточна Европа. МЦМС раководи со програмата и Секретаријат на мрежата. Целта на проектот е да ги подобри меѓуграничната и меѓусекторската соработка и да го зајакне влијанието на граѓанските организации на Балканот. Целна група се членките на BCSDN (ACSF, DA, MCIC, PF, WAD, NIT, EOS, EHO, AID-Rom, OAR, WAWY, CRNVO, CNVOS KCSF, VESTA), други релевантни граѓански организа-ции и јавноста. Главната активност на проектот е раководење со Секретаријатот на БЦСДН. Раководењето на Секретаријатот ги подразбира следните задачи:
Активностите на проектот се состојат и во обезбедување услови за функционирање на Секретаријатот, чиј домаќин (раководител) е МЦМС. Секретаријатот ќе го сочинува едно лице со полно работно време, односно координатор и едно раководно лице со четвртина (1/4) работно време. Средствата кои се наменети за функционирање на Секретаријатот се однесуваат на: плата, консултации, транспорт, комуникации, канцелариски трошоци, имот и финансиски трошоци. Задачите се дефинирани врза база на договор за управување со БЦСДН Секрета-ријатот меѓу МЦМС и Управувачка група потпишан на трет состанок на Групата во Букурешт, Романија на 7-8 април, 2006 година. |