Mладите федералисти слушнаа за активностите на МЦМС за толеранција - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Mладите федералисти слушнаа за активностите на МЦМС за толеранција PDF Print E-mail
Wednesday, 16 April 2014 14:11

Младите европски федералисти избраа да слушнат кои се постигнувањата на МЦМС на полето на толеранцијата што беше дел од меѓународниот семинар „Толерантна Европа – дефинирање на пречките“. Презентацијата ја направи првиот извршен директор на МЦМС, Александар Кржаловски, на 9 април 2014 г. пред дваесетина учесници од Финска, Шведска, Украина, Грција, Германија и други европски земји.

mladite federalisti slusnaa za aktivnostite na mcms za tolerancija

Беше опфатено 20-годишното искуство на МЦМС посветено на културната разноличност и дијалогот. Учесниците беа најзаинтересирани за споровите на Македонија со соседите и начинот на справување со нив. Најмногу се дебатираше за спорот за името со Грција. Еден од учесниците, студент од Грција (чиј професор бил и член на тимот што ја застапуваше Грција во Судот во Хаг) изрази скептицизам за брзо решавање на спорот. Според него, бескомпромисната реторика во однос на Република Македонија се уште носи многу гласови на изборите. Студентите се интересираа и за признавањето на автокефалноста на МПЦ и за меѓуетничките односи во Македонија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Mладите федералисти слушнаа за активностите на МЦМС за толеранција