Александар Кржаловски – извршен директор на МЦМС |
Friday, 09 October 2009 09:54 | |||
Управниот одбор на МЦМС, на својата 6-та редовна седница што се одржа на 6 октомври 2009 година го избра Александар Кржаловски за извршен директор на МЦМС. На изборот му претходеше постапка на јавен конкурс и јавно сослушување. Со изборот на Кржаловски за извршен директор, покрај Сашо Клековски, прв извршен директор, се комплетираше Одборот на директори на МЦМС, со мандат до 2011 година. Одборот на директори колективен извршен орган, односно орган на секојдневно управување на МЦМС востановен со новиот Статут што Советот на МЦМС го усвои во ноември 2008 година.
|