СЕЛДИ билтен за анти-корупција #55 |
Tuesday, 20 October 2020 21:36 | |||
Проверете го новото издание на билтенот на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ и информирајте се за случувањата од областа на добро владеење и корупција во регионот. Прочитајте за изборите во Црна Гора и политичките промени таму, за новиот портал www.antikorupcija.info, за серијата консултации со граѓанските организации во Албанија како дел од Отвореното владино партнерство, како и за новиот закон за јавни набавки во Босна и Херцеговина. Меѓу новите извештаи и анализи од регионот се најдоа резултатите од анкетата за јавното мислење за услугите на јавната администрација; брифот за ефектите на Ковид-19 врз доброто владеење, владеењето на правото и граѓанското општество; како и студијата за авторитарното влијание во Западен Балкан. Покрај тоа, билтенот ги содржи и клучните наоди од најновите извештаи на Европската Комисија за секоја од земјите од Западен Балкан. Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС. Програмата е финансирана од Европската Унија.
|