Напреден менаџмент |
Sunday, 10 February 2008 12:48 | |||
Успехот на една компанија е директно поврзан со способноста на нејзините менаџери да го поттикнат најдоброто во секој вработен, да извлечат максимум од тимот како целина, навреме да ги согледаат заканите во опкружувањето и да применат соодветни пристапи за организациско прилагодување и промени. На оваа обука, искусните менаџери можат да ги освежат своите мисли, да научат нови техники и вештини и да споделат искуства во флексибилна атмосфера за учење. МЦМС нуди сет модули на неколку теми: лидерство, вештини за раководење и донесување одлуки. Обуката овозможува работење на темите и практикување на вештините подлабоко отколку на претходните обуки. Содржина
Лидерство
Менаџерски вештини
Донесување одлуки
|