Нови десет организации ќе се фокусираат на доброто управување |
Sunday, 20 January 2019 16:46 | |||
Запознавањето со основните организациски документи, системи, процедури и структурата на една граѓанска организација се меѓу најважните придобивки за учесниците на дводневната обука за добро управување на граѓански организации. На 18 и 19 декември 2018 година, 10 претставници на граѓанските организации дискутираа, отвораа нови прашања и преку вежби учеа за принципите и елементите на доброто управување, за основните процеси на организациско управување, за организациска структура, за односите помеѓу извршните и управните органи, улогата на управните органи и нивните членови, судирот на интереси, организациски политики и документи и сл. Во оценката на обуката, најголемиот дел од учесниците изјавија дека нивните знаења и вештини се зголемени, дека обуката претставува мотив за подобрување на работата на сопствените организации и дека по обуката ќе се фокусираат на изработка и доработка на внатрешните документи, правилници и процедури во нивните организации. Обуката се одржа во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, а ја спроведоа Емина Нурединоска и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Оваа обука е прва од низата обуки кои ќе следат во следните два месеци а ќе бидат спроведени во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар, проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонски центар за меѓународна соработка во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус од Штип.
|