Sunday, 10 February 2008 12:41 |
Во многу општества (заедници), на стереотипите за структурата на домаќинството и поделбата на работата по полова основа во нив, се гледа како на одраз на “природен” ред. Следствено, државата и семејството го зајакнуваат овој ред со законскиот и образовниот систем, медиумите и програмите за планирање на семејството, без да се признае дека во семејството жената е во подредена положба во однос на мажот.
Обуката ќе им овозможи на учесниците да бидат свесни за главните концепти на родовите релации и развојните прашања, да бидат способни да препознаат родови релации и нивната социјална детерминираност, да бидат способни да анализираат различни пристапи кои се применуваат во развојните програми, да бидат способни да препознаат стереотипи, предрасуди, норми и вредности во општеството и потенцијали за промена и да бидат способни за анализа на проекти/програми од родова перспектива.
Содржина
- Социјално потекло на родовите односи;
- Историски аспекти на Жени во развој и Род и Развој приодите;
- Родови односи, стереотипи, норми и вредности во општеството;
- Родова поделба на трудот;
- Профил на ресурси/пристап и контрола;
- Односи на моќ;
- Практични и стратешки родови потреби/интереси
- Вовед во женските човекови права, еднаквост и недискриминација
- Родовите концепти на ниво на генерална политика, системи , процедури и програми
- Вклучување на родовите перспективи во главните општествени текови (mainstreaming)
|